Стофел Вандорн смета дека на возачите премногу им се суди од трка до трка.

ТОј ќе го загуби местото во Мекларен откако се мачеше со перформансите во последните две години. Неговата борба беше целосно различна од одличната кариера до тогаш и импресивното деби во Бахреин кога ги освои првите поени за тимот.

Си го знам талентот и знам што направив во другите серии и немам сомнение за мене. МОжеби некој се сомнева и знам како одат тие работи. Имаш еден лош викенд и одеднаш си најдобриот возач на гридот а наредниот викенд си супер ѕвезда.

Магнусен го подржа Стофел Вандорн откако претходно се најде во истата ситуација како него во 2014 година.

Тешко е и мислам дека не можам да му дадам добар совет. Тој знае што треба да направи. Тој е талентиран и ќе го направи најдоброто за него. Знам дека добро за мене беше нов старт и да одам негде кај што ќе ме подржуваат. ДОјдов во Хаас и се чувствувам сигурно и релаксирано. Не треба да се грижи за грешките и за тоа како изработел. Треба да се фокусира на работа и да извади максимум од перформансите и талентот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.