Стофел Вандорн прифати дека е виновен што повторно не мина во К2 нвалификацискиот сегмент, откривајќи дека го удрил ѕидот крај патеката четири пати во текто на својот лош последен обид. Белгиецот нема освоено поени за Мекларен од Азербејџан, а нема напредувано во средниот квалификациски сегмент од Канада.

По првите 18 минути на Марина Беј, Фернандо алонсо имаше 8 десетинки побрзо време од својот колега и на крајот заврши 11ти.

Мојата серија на нови гуми беше лоша, но самиот сум виновен затоа што ја допрев оградата крај патеката четири пати. Дефинитивно имавме болид за К2 и штета е што имавме брзина и ритам, а не напредувавме.

Се обидов да извадам се од болидот, но кога по малку претерувате ги прегревате гуми и времето на крајот на кругот не ви е по волја. Тука квалификациите се многу битни – смета Вандорн.

Сепак, белгиецот гледа оптимистички на патеката на која миантата година заврши на 7мо место, најдобар пласман во својата Формула 1 кариера.

Нашиот ритам на квалификациите е подобар одошто на трка, така е од почетокот на годината, а овдека е тешко да се претекне така што ќе мораме да имаме добра стратегија.

Ќе биде клучно да се види што ќе направат оние што ќе почнат на хиперсофт, колку долго ќе им траат гумите, а ние барем имаме слободен избор на гуми. Се може да се случи во Сингапур, а Безбедносното возило е речиси сигурно.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.