Вандорн: Изедначени сме со Фернандо

110

Стофел Вандорн вели дека статистиката помеѓу него и тимскиот колега, Фернандо Алонсо, не ја прикажува целосната слика помеѓу двајцата возачи.

Белгиецот досега е поразен од Алонсо во секоја квалификациска сесија, а ќе беше истото случај и во трките, доколку Алонсо немаше проблем со менувачот на последната трка во Монако. Но, Вандорн смета дека тие се блиску и бројките не се доволно јасна слика во нивниот меѓусебен дуел.

Мислам дека статистиката не ја прикажува целосната слика. Во реалност, ние сме многу, многу изедначени. Во однос на тоа каде бев минатата година, сметам дека сум во многу подобра позиција годинава и мислам дека не секогаш работите се одвиваа во моја полза.

Немав среќа во неколку ситуации, во некои Фернандо беше побрз, што е нормално.

Но, се движам во правилна насока. Тимот се движи напред и очигледно имавме тежок старт на сезоната со многу очекувања и не успеавме да испорачаме на истите.

Се надевам дека ќе ја подобриме формата од трка до трка и ќе направиме уште еден чекор напред – изјави Вандорн.


Вандорн: Изедначени сме со Фернандо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>