Вандорн за Мекларен: Изгледаме како почетници!

166
   

Возачот кој заминува од Мекларен на крајот на сезоната, Стофел Вандорн, не е среќен со состојбата во тимот, велејќи дека Мекларен моментално изгледаат како почетници со начинот на кој се одвиваат нивните перформанси.

Белгиецот имаше многу тешка сезона, ниту еднаш не успеа да го победи својот тимски колега, Фернандо Алонсо во квалификациите по 17 изминати трки.

Сепак, 26-годишниот возач беше жртва на лош пакет кој го доби од Мекларен и беше приморан да се откаже поради технички проблеми во неколку наврати, а МЦЛ33 е далеку од брз болид.

Само ќе обидам да уживам, иако не е лесно во вакви услови. Секој викенд ние сме скоро последни, изгледаме како почетници.

Тоа воопшто не го посакуваме, треба да сме многу погоре на табелата, но за жал не е така. Промена би било добро, двете години поминати со Мекларен не беа лесни, мислам дека беа најлоши години за тимот.

Да бидам во нова атмосфера ќе ми помогне, ќе се обидам да имам контакт со Формула 1 на еден начин или друг, незнам точно како и доколку има можност да се вратам, нема да се вратам по секоја цена, само во добри услови – изјави Вандорн.

Со само 4 трки до крајот, Вандорн се надева дека ќе има позитивни резултати, но тоа е неверојатно во моментов.


Вандорн за Мекларен: Изгледаме како почетници!

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>