Мекларен ја променија шасијата на Стофел Вандорн во пресрет на Унгарското Гранд При, иако белгиецот сеуште не е свесен што ги предизвикало проблемите претходните Формула 1 тркачки викенди. Во Силверстон и на Хокенхајмринг тој се мачеше со перформанси и беше значително побавен од тимскиот колега. Но, Алонсо неколку пати го потенцираше квалитетите на својот колега, го поддржа и појасни дека проблемите се во МЦЛ33, а не во возачот.

Можам да потврдам дека ја заменивме шасијата, не е целосно нова затоа што истата ја имаме користено и претходно, но тоа не е проблем. Јас настојував на таков потег затоа што со она што го правевме последните неколку трки со сите тие промени не донесе некаков резултат, така што промена на шасијата беше нешто што сметав дека можеби ќе помогне. За екипата не е лесно да промени шасија особено кога има врзани трки, но тие успејаа во тоа – потврди Стофел.

Белгиецот потврди дека екипата сеуште треба да ги утврди вистинските причини кои ги предизвикале проблемите и дали истите се поврзани со шасијата, а би требало тоа да се дознае уште на денешнит есесии.

Има проблеми кои точно знаеме од што се предизвикани и мислам дека во Петок ќе направиме неколку тестови и ќе разбереме. Се надевам дека нема повторно да имаме проблеми и се надевам дека двата болиди ќе бидат одлични.

Уште во Силверстон екипата увиде дека нешто се случува, но не можеа да кажат што точно и дали шасијата е проблем. Во моментов сеуште ја немаме возено новата шасија така што точно не знаеме, но направивме се за да повеќе не постои сомнеж.

Белгиецот беше запрашан дали контактот од првиот круг на Британското Гранд При можеби е причинител на лошиот болид.

Почнувам да се осмневам во се, но во исто време имаше сесии каде Фернандо значително многу “ми бегаше“. Доколку гледате дека истиот болид е цела кривина пред вас, тогаш дефинитивно имате проблем со болидот.

Се надевам дека викендов ќе го почнеме “од нула“ без никакви проблеми и ќе имаме нормални сесии Тоа ќе биде убаво за промена – заврши Стофел.


1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.