Вандорн : Двете години во Мекларен ми се најлоши

160

Стофел Вандорн смета дека во овој момент во својата кариера е на погрешно место во погрешно време и пизнава дека последните две години во Мекларен му се најложи во животот, иако најавува борба за останување во Вокинг и догодина.

Фернандо Алонсо веќе откри дека ова му е последна Формула 1 сезона, а Мекларен објави дека Карлос Саинз ќе го замени следната година, но поради лошите перформанси на Вандорн, како негови евентуални замени се спомнуваат Естебан Окон, Серхио Перез и Ландо Норис.

Читам се што пишуваат медиумите и многу се забавувам. Таква е Формула 1, треба да сте на вистинско место во вистинскио време, а последните две години во Мекларен веројатно се најтешки за мене – објасни Вандорн.

Статистиката е апсолутно на страна на Алонсо ако се споредат квалификациите и трките во Мекларен сезонава, но белгиецот смета деа статистиката не кажува се.

Ние сме многу, многу блиску по перформансите, но поради тоа што сме неконкурентни, се е претерано. Во минатото покажав дека знам да победувам на трки и да освојувам титули, не сум заборавил да возам, сите знаат дека во моментов се наоѓам во многу тешка ситуација и можам само да се подобрам.

Зек Браун, првиот човек на Мекларен, призна дека тимот смета на многу возачи за следната година, но инсистира и дека 26-годишникот сеуште е во игра.

Вадорн е конкурент за место во тимот, Окон его сакаме, Перез е одличен тркач. Без разлика за кого ќе се решиме, секогаш има начин да го доведеме.

Првичните шпекулации велеа дека Стоф може да заврши во Зауебр кај својот поранешен пеф Фредерик Васур, но французинот изјави дека тој не е во нивните планови.


Booking.com

Вандорн : Двете години во Мекларен ми се најлоши

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>