Стофел ќе развива силни врски со откако следната година ќе стане нивни возач за во симулаторот.

Ова е дополнителна улога за белгиецот откако потпиша договор со Формула Е тимот на ХВА, кој е широко поддржан од Мерцедес. Стофел ќе го дели симулаторот со Естебан Окон кој ќе има улога и на резервен возач во тимот.

ќе работам во формула 1 симулаторот на мерцедес што е возбудлив дел за мене така што ќе останам вклучен во формула 1 светот. за мене ќе биде многу интересно и сигурен сум дека ќе донесам свежи идеи во екипата, но ќе ја воочам и разликата затоа што единствено до сега во формула 1 сум работел за мекларен. возбудливо за мене е да дојдам во нова и свежа околина – смета вандорн.

Стофел се надева дека ќе остане поврзан со актуелните болиди и ќе најде начин да се врати во врвот на моторспортот.

дефинитивно е добро да останам вмешан во светот на формула 1 затоа што никогаш не знаете што ќе се случи во иднината. мислам дека тоа што ќе останам во мерцедес и ќе работам е одлично и тие ќе дознаат за што точно сум способен.

не знаеме како ќе се развива пазарот на возачите во иднина. оваа сезона беше лудо и што знае што носи иднината, тешко е да се каже и поради тоа е добро да се остане вклучен и подготвен за формула 1.

Белгиецот смета дека Формула Е програмата е најдобар избор за неговата идна кариера пред да добие Формула 1 можност на која се надева.

имав многу разговори со тото волф околу нивниот проект затоа што се многу атрактивна опција за мене. за мене е важно да останам вклучен и во контакт со производителот и да се остане пворзан со мерцедес и да работам за нив е атрактивна опција за мене. имав можност да ги посетам и не се сомневам дека тие имаа капацитет и сум сигурен за во иднина. кога мерцедес потпишува со некого, тоа секогаш е на вистински начин и целосно сум убеден дека ќе придонесам многу за нивната програма.

Во врска со својата последна трка во портокаловиот болид на Мекларен, Стофел изјави:

секако дека ќе бидеп осебен викенд со многу чувства за мене. од моја гледна точка, уживав колку што можам повеќе и мислам дека имав добра серија во последно време, на последните неколку трки и сакам да продолжам така до крајот на сезоната. не се вртам зад мене и не гледам во минатото, знам дека се случија многу работи, но немам време да размислувам затоа што за мене следната сезона почнува многу брзо.

немам одмор во пресрет на следната сезона, одам директно во формула е и тоа ќе биде возбудлив предизвик и непознаница за мене. ќе видиме како ќе се одвиваат тие трки и таа сезона – заврши вандорн.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.