Поранешниот Формула 1 возач на Ферари, Лучијано Бурти, смета дека неговиот поранешен тим не сторил доволно за да го олесни притисокот над Себастијан Фетел во текот на 2018 година.

Атакот на Фетел кон титулата во 2018 година почна да се распаѓа по неговиот судар на домашната трка во Германија, додека водеше во истата.

Во интервју, Бурти, кој е коментатор за Формула 1 за бразилската ТВ куќа, ТВ Глобо, смета дека поранешниот тимски шеф на Ферари, Жан Тод, ќе бил во можност да му помогне на Фетел да ги избегне грешките во втората половина од сезоната.

Тоа беше мала грешка, се случува, а тој немаше среќа што се случи во погрешно време на погрешно место, со големи последици. Од тој момент, мислам дека некој како Жан Тод ќе му дадеше добар совет. Мислам дека Фетел беше по малку оставен на само по грешката.

Кога го имате тој притисок, ако како тркач помислите дека не смеете да направите грешка во следниот свиок или круг, тогаш ќе направите грешка. Мислам дека тоа се случи со него. Иако е голем шампион, тој е премногу човечен и кога ги имате тие чувства, не ви врши ништо добро.

Тој беше оставен на само и некој како Жан ќе ја направеше целата разлика, бидејќи не е нормално да се види како четирикратен шампион може да направи толку многу грешки.

Можеби Ферари го загубија лидерството кое го имаа со Жан. Јас работев со Стефано Доменикели, кој е навистина добар човек. Не знам каков беше тимот кога тој беше тимски шеф, помеѓу 2008 и 2014 година, но откако си замина, Ферари никогаш не го најдоа ритамот.

Малку знам за Аривабене, а според мене, тој е добар лидер бидејќи не сочувствува, тој секогаш држи дистанца и никогаш не разбрав зошто – изјави Бурти.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.