Булие и Мекларен сакаат да ја заборават Канада

150

Тркачкиот директор на Мекларен, Ерик Булие го опиша Канадското Гранд При како “ден за заборавање“, откако тимот не успеа да освои поени втора трка по ред. 

И Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн имаа проблеми во квалификациите, стартувајќи ја трката од 14то и 15то место, а во истата шпанецот се откажа, додека Вандорн заврши на 16то место. И двајцата возачи го избегнаа судирот помеѓу Ленс Строл и Брендон Хартли, но Вандорн имаше пукнатина на пневматикот и не успеа да се врати во трката.

Беше ден за заборавање за Мекларен. Иако двајцата возачи го избегнаа хаосот на почетокот, Стофел имаше пукнат пневматик и изгуби многу време во боксовите за време на безбедносното возило.

Од тој момент, тој беше на последна позиција и иако возеше добро и ја менаџираше својата стратегија и темпо, не успеа да ја подобри позицијата значително.

Последниот стинт го помина со проблем при менаџирање на енергијата, што сеуште го истражуваме. Земајќи се во предвид, тој даде се за да ја заврши трката – изјави Булие.

Алонсо го славеше своето 300то Гранд При во Канада, но и покрај силниот старт, викендот заврши во разочарување и тој мораше да откаже во 40 круг.

Фернандо беше во многу подобра позиција по стартот и успеа да надополни 3 места, пласирајќи се на 11то место со стратегија од едно влегување.

Иако сметавме дека освојување на поени е возможно, тој немаше среќа и беше приморан да се откаже поради неисправна цевка во системот за ладење. Многу е фрустрирачки, но проблемот не е секојдневен и не очекуваме повторно да го имаме истиот.

Од Монтреал, важно е да продолжиме напред и силно на следните три трки во три недели. Со нов фокус, вредна работа и повеќе среќа, се надевам дека ќе имаме подобри резултати – додаде Булие.


Булие и Мекларен сакаат да ја заборават Канада

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>