Булие задоволен од своите возачи

149

Шефот на Мекларен, Ерик Булие, е задоволен од целиот тим и од своите возачи по освоените двојни поени низ улиците на Баку. По 4 трки сезонава, екипата има повеќе поени од цела 2017 година, а во исто време и прв пат по 2011 година да имаат три трки во поени од 4 извозени.

Да се донесат двата болиди во поени е пријатно изненадување по тешкиот викенд во Баку. Важно е да се пофали целата екипа, инженерите, мехаичарите и оние кои работат на стратегијата кои се осигураа да сме добро позиционирани и да искористиме од се она што се случуваше на патеката.

Но, исто така сакам да ги пофалам и возачите денеска. По тешкиот прв круг Алонсо имаше две десни дупнати гуми и скриш дел од подот, но возеше со неверојатен фокус и интензитет и успеа на крајот да го освои 7то место.

Стофел не беше удобен со гумите и свати дека и оние околу него се мачеа со загревањето на гумите возејќи зад Безбедносното возило. Беше одлична тимска одлука на крајот да му се даде загреан сет ултрасофт, се коцкавме и се исплатеше затоа што брз ги минуваше оние пред него и донесе поен.

На вакви трки се гледа кој е кој и додека сеуште ни претстои доста работа да се приближиме до оние пред нас, добра награда е што освоивме поени со два болиди – смета Булие.

Мекларен е на 4то место во конструкторскиот поредок со освоени 36 поени, еден поен пред фабричкиот тим на Рено.


Булие задоволен од своите возачи

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>