Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, не очекува Себастиен Буеми да се врати на Формула 1 гридот откако неговото име често се става во комбинацина за место во Торо Росо. Тој се тркаше за тимот од 2009 до 2011 година и некое време беше резерва во Ред Бул како дополна на неговата успешна Формула Е тркачка кариера. 29-годишникот во својата кариера има и Формула Е како и ВЕЦ титули.

Пјер Гасли следнат година од Фаенца ќе мине во Ред Бул, а тимот не е задоволен нити од услугите на Пјер Гасли така што има две празни места во младинскиот тим на “биковите“.

Тој е важен дел од нашиот тим иако неколку екипи се интересираат за неговата улога и неговите услуги. Но, тој е посветен и ќе работи за нас следните три години и тоа ќе го комбинира со други тркачки активности. Мислам дека Формула 1 не е во неговата агенда, тој има одлична Формула Е програма како и ВЕЦ програма, а врши и фантастична работа за нас. Тоа е повеќе од доволно за него и мислам дека треба да се согласи на големо намалување на плата ако сака да се врати во Формула 1 – смета Хорнер.

Шпекулациите почнаа откако се појави слика како Буемо пробува седиште во болид на Торо Росо во нивната фабрика во Фаенца. Но, тимот подоцна негираше и објави дека тоа е нормална рутина за резервен возач кој е со тимот на далечните трки.

Го правам она што го бараат од мене. Секако дека ако сте резервен возач мора да имате готово седиште доколку нешто непредвидено се случи. Мојата програма вклучува ВЕЦ и Формула Е и веќе имам полн календар. Се е можно, но јас сум форкусиран во Формула 1 само како резервис.

Освен Буеми, за враќање во тимот се шпекулира дека е можно и од страна на Даниил Квјат, а како опции се и Стофел Вандорн, Паскал Верлејн, Естебан Окон и Џорџ Расел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.