Буеми – најнов кандидат за Торо Росо

137

Торо Росо ги подгрејаа шпекулациите дека Себастиен Буеми е можно да се врати во тимот како замена за Пјер Гасли кој следната сезона ќе ја одработи во Ред Бул. Италијанците ова го направија откако постираа слика со бившиот Формула Е првак како пробува седиште во најновата шасија во фабриката во Фаенца под која пишуваше.

Чао Себ. Напшиот резервен возач намина порано денеска да проба седиште.

Не дека пробувањето седиште е нешто невообичаено, но тоа се прави пред почетокот на сезоната, но и втора проба не е вообичаена доколку не е неопходна, доколку возачот н променил нешто во својата конституција, а можно е и да се најавува комплетирање на сезоната од страна на Буеми.

Во моментов Торо Росо има две празни места за 2019 година, нема возач под договор, Гасли заминува, а перформансите на Брендон Хартли не се задоволнителни, така што можно е и следната година екипата од Фаенца да има целосно нова постава на возачи. Освен шпекулацијата за Себ Буеми, кандидати за Торо Росо се и исто така поранешниот нивни возач Даниил Квјат како и тукушто отпуштениот од Мекларен, Стофел Вандорн.


Booking.com

Буеми – најнов кандидат за Торо Росо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>