Шарл Леклер во својата дебитантска сезона во Ферари одбра да го користи бројот 16 за себе, истиот кој го користеше и во Заубер, но 16ката има голема тежина во Маранело.

При објавата за бројот кој Леклер ќе го користи, “црвенитее“ открија дека тоа не било прв избор за Шарл затоа што тој првично сакал да вози со бројот 7, но истиот со себе во Алфа Ромео го носи Кими Раиконен. Потоа возачот од Монако сакал да вози со бројот 10 на својто болид, но истиот повеќе од една сезона се наоѓа на болидот на Пјер Гасли. Седмицата била желба за Леклер проади тоа што е роден на 16ти, а 1 + 6 = 7.

Историски гледано, бројот 16 последен пат бил виден на болид од Маранело во 1966 година кога Лоренцо Бандини последен пат возел со истиот во Монако и ја завршил трката на второ место.

Со бројто 16 болид на Ферари бил “украсен“ 22 пати во Формула 1 историјата, а првиот пат бил на Италијанското Гранд При во Монца во 1950 година кога Алберто Аскари се тркал со 16ката. Сепак, Мајк Хауторн е возачот кој најмногу, дури пет пати, се тркал со бројто 16.

Во 1958 година Хоауторн ја освои титулата за Ферари користејќи го бројот 16.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.