Британија, Т3: Хамилтон се врати на врвот, но Кими е блиску

494
   

Откако беше најбрз на првата петочна сесија, а втората ја заврши зад Себастијан Ветел, Луис Хамилтон повторно го постави најбрзото време на последната сесија во пресрет на квалификациите. Неговото време беше за нецела десетинка побрзо од остварувањето на Кими Раиконен и тие двајцата беа единствени што комплетираа круг побрзо од 1 минута и 27 секунди. Трето време со над 6 десетинки заостаток псотави Валтери Ботас.

Следуваше Себастијан Ветел и двата болиди на Ред Бул, но тие беа над седкунда од времето на најбрзиот. Шарл Леклер овој пат беше најдобар од останатите со 7мо време кое беше за 6 десетинки побрзо од она на неговиот тимски колга која имаше 10то време. Болидите на Хаас беа со 8мо и 9то време по вредност.

На 20-тина минути по почетокот на сесијата страшен судар имаше Брендон Хартли откако предното лево тркало на неговиот СТР болид бувално се откачи од шасијата по што возачот заврши во ѕидот крај патеката. Дотогаш новозеланѓанецот имаше само 3 инсталациски кругови, а неговиот колега Пјер Гасли поради претпазливост комплетираше само 4 кругови со најбавно време. Малку возеше и Ветел кој беше 3ти со едноцифрн број кругови, само 8.

 


Британија, Т3: Хамилтон се врати на врвот, но Кими е блиску

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>