Британија, Квалификации: Луд круг на Хамилтон за нова пол позиција

954
   

Рекордна 6та пол позиција за Луис Хамилтон во Силверстон, негова 4та во низа, а 76 во кариерата. Мерцедес стигна до 7ма квалификациска победа на Силверстон и се изедначи со Мекларен и 93та пол позиција во историјата за “сребрените“.

Само 44 илјадити делови од секундата побавен беше Себастијан Ветел, Раиконен ќе почне од 3то место, пред Валтери Ботас, а потоа болидите на Ред Бул и Хаас.

Првите 18 минути ги отвори Пјер Гасли кој по новите делови од суспензијата излезе прв да проба дали е се во ред со неговиот болид. На Ленс Строл му требаа само 3 минути за да направи црвено знаме откако загуби целосно контрола над болидот на правецот каде се скрши суспензијата на Брендон Хартли Во Т3. Канаѓанецот заврши во песокот крај патеката со заглавен болид, така што на крајот на овој дел ќе бидат елиминирани само тројца возачи.

Вториот Вилијамс малку повеќе се задржа на патеката и по нецели 8 минути камерата го покажа Сергеј Сироткин во заштитниот песок. Русинот загуби контрола на Стоув, но успеа да го зачува моторот уклучен по што самиот “се откопа“ од песокот и успеа да дојде до гаражата без да ја запре квалификациската сесија.

Себастијан Ветел го имаше најбрзото време во првиот квалификациски сегмент пред возачите на Ботас. К1 значеше крај за Карлос Саинз, Стофел Вандон и Сергеј Сироткин. Карлос го загуби дуелот со својот колега Хулкенберг за само 5 стотинки што го чинеше 16то место, додека Вандорн и Сироткин беа неконкурентни со 7 десетинки зад него и единствени двајца со повеќе од 2 секуди заостаток зад времето на Ферари.

Мерцедес и Ферари на врвот и во К2 со тоа што сите 4 болиди беа во само една четвртина од секундата, а следуваа Ред Бул и Хаас. Возачите на американската екипа се во К3 на трета трка по ред.

Најбавни во К2 со над 2 секунди заостаток беа Гасли и Ериксон кои беа единствени со над 2 седкунди заостаток. Алонсо на 13то место со 2 десетинки предност во однос на Ериксон, но и 2 десетинки негатива во однос на Чеко Перез. Мексиканецот ќе стартува од 6от ред со Нико Хулкнеберг пред себе откако германецот од Рено имаше 2 стотинки побрзо време од Форс Индија.

По првата серија летечки кругови, Луис Хамилтон беше прв возач кој викендов вози круг под 1 минута и 25 секунди, но неговото време го поправи Ветел поставувајќи се на провизионалната пол позиција. Следуваа Ботас и Раиконен, а потоа Ред Бул-ите.

Хам го подобри своето време, исто како и Кими Раиконен, Луис напредуваше до пол позиција, Раиконен од 4то на 3то место. Верстапен половина секунда пред Ботас, Магнусен 2 десетинки пред Грожан, а последниот ред за Леклер со 3 десетинки побрзо време од Чеко Перез.


Британија, Квалификации: Луд круг на Хамилтон за нова пол позиција

5 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>