Британија им дала 100 милиони фунти на Ф1 тимовите

146
   

Формула 1 тимовите со седиште во Велика Британија добиваат пари од даночната управа на државата за тоа што го прават, создаваат тркачки болиди. Според Daily Telegraph, од 2012 година, шесте екипи кои имаат седиште на островот добиле вкупно 112 милиони фунти од даночната управа (H.M. Revenue & Customs) поради дејноста на истражување и развој која ја имаат како дел од своите програми.

Согласно британските закони, даночната управа финансира 12% од трошоците за истражување и развој или преку намалување на данокот кој треба да се плати или преку готовински трансфери на сметки на тимовите. Екипите многу ретко имаат големи добивки во своите биланси затоа што се што заработуваат трошат на истражување и развој со цел подобрување на своите перформанси.

Повратот на трошоци за истражување и развој датира од 2000 година и беше наменет за мали и средни компании со ограничени приходи, но потоа неговото дејство беше проширено и на големи компании во 2002 година, првично компании со помалку од 500 вработени.

ОД 2012 година до сега, Форс Индија примила 51,6 милиони фунти, Мекларен 28,3 милиони фунти, Мерцедес 12,2 милиони фунти, Манор 11,9 милиони фунти, Рено 4,5 милиони фунти и Вилијамс 3,7 милиони фунти.

Податокот за одлеквање на средства од британскиот буџет кон Формула 1 екипите е лош доколку се има во предвид дека Големата награда на Британија “виси во воздух“.


Британија им дала 100 милиони фунти на Ф1 тимовите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>