Флавио Бриаторе вели дека Формула 1 во 2019 година без Фернандо Алонсо ќе биде споредлива со Реал Мадрид по заминувањето на Кристијано Роналдо, овозможувајќи на спортот предупредување за тоа што го очекува, споредливо со мизерната сезона за фудбалската екипа по заминувањето на нивната супер звезда.

Алонсо ќе започне прва година без да биде инволвиран во Формула 1 по 20 години. Двократниот шампион Алонсо нема победа на Гранд При трка од 2013 година, а враќањето во Мекларен во 2015 година не беше според планот. Но Бриаторе вели дека Ф1 ќе го почувствува заминувањето на Алонсо, наместо обратно.

Ф1 без Алонсо е како Реал Мадрид без Кристијано Роналдо. Тој е еден од неколкуте познати звезди. Јас ги препознавам само Луис, Фетел, Раиконен, толку се.

На Алонсо му е потребен период на одмор. Тој имаше три фрустрирачки години во кои се однесуваше одлично, перформансите на Мекларен беа очајни и тој сеуште се бореше за позиции.

Постојат само две екипи: Мерцедес или Ферари, нема други избори. Останатиот избор е да се заврши на 4то, 5то или 6то место.

Мислам дека со талентот кој го има, ако го ставите во вистинскиот болид, тој сеуште ќе биде најсилниот возач, покрај Хамилтон.

Некој ден тимовите ќе сфатат дека за да се победи во првенството ви се потребни два силни возачи. Ќе видиме што ќе се случи во следните неколку месеци или година – изјави Бриаторе.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.