Бриаторе: Фетел е опседнат со победа на секоја трка

386
   

Поранешниот Формула 1 шеф на екипа, контраверзнот Флавио Бриаторе, верува дека најголема грешка на Себастијан Фетел годинава е што премногу се обидувал да победи на секоја трка, наместо да се фокусира кон главната цел, да стане шампион. Германецот во момнентов е 67 поени зад Луис Хамилтон кај возачите и му треба чудо за да стигне до својата 5та титула.

И покрај грешките кои Себ ги направи на патеката, а Ферари крај патеката, дон Флавио смета дека двете страни погрешиле што не се концентрирале на големата слика – титулата. Тој смета дека инцидентите како оние во Германија и Италија каде Фетел беше премногу решен да победи што му го уништи пласманот, се доказ дека тој е опседнат со победа на секоја трка.

Фетел не освојува титули, тој победува на трки, а тоа не оди едно со друго. Ако загубите три или четири такви можности, тоа се 25 поени фрлани за секоја грешка, а враќањето од таква ситуација е ментално многу тешко.

Верувам дека стресот кој го имаат возачите е огромен и ако ст ево состојба да го менаџирате стресот и да ја завршите работат, тогаш победувате. Кога не завршувате трка, тоа е најлошо нешто што може да ви се случи, тоа е јасно – смета Бриаторе.

Италијанецот откри дека размислувањето за освојување титули е нешто што тој морал да го научи Фернандо Алонсо во неговиот поход кон титула во 2005 и 2006 година, а дуелот на Себ со Луис во Монца и откажувањето на Фетел го гледа како на типичен момент кога германецот се труи претерано.

Мора добро да му се објасни дека трката е 53 кругови, а не еден. Се сеќавам дека имав идентично искуство со Фернандо. Кога сакате да освоите титула, финиш на трето место е полн погодок, важно е да се остане на патеката.

Несреќата на Фетел во Монца немаше никаква смисла, најискрено. Знаеше дека неговиот болид е подобра и требаше само да закочи и да остане зад Луис и ќе ја завршеше работат. Имаше 50 и повеќе кругови да се врати на чело.

Ако излезете од трката, немате никаква можност да вратите поени. Секако дека со тој болид може да заврши не 4то место затоа што е многу подобар од конкуренцијата, но кога сакате титула треба да бидете мастер и да бидете подготвени на 3то и 4то место понекогаш.

Целта се секогаш поени и не мора да се победува на секоја трка за да се дојде до титула. Не се работи за трките, поените се најважни. Ако имате конкуренте болид, можете да претекнете. Ако имате конкурентен болид може да претекнете некого, но ако имате судар со некој со кој се борите, не само што не доаѓате до поени, туку му давате шанса на вашиот конкурент – објаснува Флавио во своето интервју со Нико Розберг.


Бриаторе: Фетел е опседнат со победа на секоја трка

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>