Бројот на познавачите на Формула 1 кои сеуште сметаат дека Скудерија Ферари може да освои титула годинава е се помал.

Поранешниот шеф на Бенетон и Рено, Флавио Бриаторе, будно ги следел првите пет трки и победи на Мерцедес и смета дека екипата од Бракли е “од друга планета“.

барселона е патека која ја кажува вистинската слика. ако сте лоши таму, тогаш немате шанса да предизвикате за титула, дури и ако на моменти личи дека се е во најдобар ред – изјави дон флавио.