Флавио , човекот кој долго време е вклучен во менаџирањето на кариерата на Фернандо , открива дека шпанецот би можел да биде намамен назад во тркачката серија доколку Мерцедес или Ферари го побараат да се трка за нив.

Италијанецот кој е познат како голем оптимист, смета дека под одредени услови, неговиот шпански клиент би можел да се врати на гридот, иако Нандо сезонава истакнуваше дека не е задоволен од состојбата во која се наоѓа Формула 1 во моментов.

ако мерцедес или ферари го побараат, сигурен сум дека ќе се врати. засега треба да одмори, мислам дека по толку мнгоу години, заслужува мал одмор. многумина направија така, прост, сена, иако не сум целосно сигурен дека ќе одбере да се врати – објаснува дон флавио.

Сепак, Бриаторе е сигурен дека Фернандо би се вратил единствено доколку има шанса да предизвика за победи и титули.

има само две екипи, мерцедес или ферари, друга нема затоа што за него финиш на 4то, 5то или 6то место повеќе нема смисла. со неговиот талент, ставете го вистинскио болид и ќе биде на врвот со луис хамилтон.

понекогаш тимовите ќе сфатат дека за формула 1 конструкторска титула ви требаат двајца многу силни возачи. Формула 1 без алонсо ќе биде како реал мадрид брз кристијанот ронало.

на него му треба период да се релаксира, имаше три многу фрустрирачки години во кои истрпе се, а перформансите на мекларен беа смешни, но тој се бореше за позиции над перформансите на пакетот со кој располагаше – заврши бриаторе.

Следната година за Фернандо е потврдено довршување на ВЕЦ сезоната, трка на Инди 500 и 24 часа Дејтона.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.