Бриаторе: Бенетон не веруваше многу во Шумахер

384
   

Поранешниот Формула 1 тим Бенетон, ќе пропуштел шанса да потпише договор со Михаел Шумахер во 1991 година затоа што шефовите на тимот не верувале во талентот на германецот, но тоа не било случајот и со Флавио Бријаторе.

Германецот доби шанса на домашната и омилена белгиска Спа во тимот на Еди Џордан, беше подобар на квалификациите од својот колега и се квалификуваше на 7мо место, а се откажа од трката поради технички проблем. Флавио Бриаторе експресно го забележа талентот на младиот возач и инсистирал да потпише договор со него, но менаџментот на тимот не верувал во неговата проценка.

Никој не беше убеден во талентот на Михаел, сметаа дека е добар, но не многу добар, но е премногу млад. Но јас бев убеден и реков да се потпише со него. Му испратив договор и го потпишавме во 3-4 часот наутро – откри дон Флавио.

Шумахер потоа стана првак со Бенетон во 1994 и 1995 година пред да мине во Ферари каде доминираше во тркачката серија.

Михаел никогаш не се жалеше, додека другите возачи често кажуваа дека болидот е сра**. Ако се појавеше проблем со болидот, тој се обидуваше да го реши.

Михаел е најтрофеен возач со 7 шампионски титули и дури 91 Гранд При победа.


Бриаторе: Бенетон не веруваше многу во Шумахер

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>