Брачес фрустриран од германците

183
   

Комерцијалниот шеф на Формула 1, Шон Брачес е фрустриран што сеуште не е најдено решение за иднината на Големата награда на Германија. Последните 10 години како организатори на трката се изменуваат Хокенхајм и Нирбургринг, но легендарната патека во Нордшлајфе поради финансиски проблеми не организираше трки во 2015 и 2017 година.

Со трката следниот месец истекува актуелниот договор на Хокенхајм, а германците беа јасни кога изјавија дека сакаат економски исплатлива трка.

Договорот истекува во 2018 година така што согласно моментланиот статус немаме договор за следната година. Дали и догодина ќе бидеме сведоци на трка во Германија, ќе покажат преговорите.

Менаџментот ќе се обиде да даде се за да ја задржи Формула 1 на Хокенхајм, но мора да биде најдем компромис за да се минимизира ризикот – појасни Шон Брачес во својата изјава за Auto Bild Motorsport.

Сепак, Шон откри дека договор со Хокенхајм сеуште нема, а нити со било која друга германска патека.

Фрустрирачки е што не сме нашле решение за земја со толку богата тркачка традиција, актуелен конструкторски првак (Мерцедес) и активен четирикратен првак (Себастијан Ветел). Очигледно никој не сака да ги поддржи автодромите и да превземе дел од финансискиот ризик.

Интересот во Германија е огромен, знаеме дека рејтинзите се големи, но и раснат, така што ако не догодина, проблемот со сигурност ќе биде ешен во иднина – заврши Брачес.

Веројатно дека следната година календарот ќе остане со 21 трка, но наместо Германија во распоредот “ќе влета“ американски Мајами некаде во Октовмри согласно првичните извештаи.


Брачес фрустриран од германците

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>