Брачес: Мајами е совршено за Ф1

131

Комерцијалниот шеф на Формула 1, Шон Брачес, верува дека Мајами е совршено место за Гранд При трка откако тркачката серија и официјално покажа интерес да се трка низ улиците на најголемиот град во Флорида.

По добивањето на улогата во Формула 1, Брачес често пати изјавува како бара нови дестинации и проширување на календарот, една од неговите главни задачи. Сеуште се чека првата трка која американците од Либерти ќе ја додадат на календарот, откако годинава ќе дебитира Пол Рикар, но тоа е проект на Берни Еклстон.

Американскиот преприемач и сопственик на НФЛ тимот Мајами Долфинс, Стивен Рос, јавно поддржа организација на Формула 1 трка низ улиците на Мајами.

Комисијата на градот Мајами направи важен чекор со ставање на дневен ред гласање за Формула 1 трка во Мајами од 2019 година. Ние ги цениме градовите и областите кои сакаат Гранд При трки и поради тоа работиме со властите и потенцијалнтие организатори за остварување на заедничката цел.

Со над половина милијарда фанови низ светот Формула 1 е најголемиот тркачки спектакл на планетата, а Мајами има статус на еден од најгламурозните градови така што со робусната туристичка инфраструктура тоа е совршена комбинација за спортот и фановите – смета Брачес.

Формула 1 фестивал е закажан за Мајами оваа година.


Брачес: Мајами е совршено за Ф1

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>