Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, изјави дека тие ќе направат се што можат за да се осигураат дека Форс Индија ќе преживее откако мнатата недела екипата влезе во постапка на администрација. Постапката ја почна возачот на екипата Серхио Перез кој беше подджан од доставувачот на мотори Мерцедес како и главниот спонзор БВТ.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

По крајот на Унгарското Гранд При, Рос ја искористи можноста да прокоментира за новонастанатата ситуација.

Ова се однесува на сите оние кои работат во Форс Индија и минуваат низ тежок период во моментов. Формула 1 ќе направи се што може за да се осигура дека екипата ќе преживее и искрено се надевам дека во деновите кои следат целата ситуација ќе биде разрешена.

Минатите неколку години тимот од Силверстон беше фантастичен пример за тоа што може да се стори со ограничени ресутрси и покажа како се работи одлично со буџетот кој што го имате на располагање – изјави Рос Браун, алудирајќи на двете 4ти места кои ги освои екиапта последните две години.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.