Рос Браун смета дека во 2018 година Луис Хамилтон постигнал врвно и легендарно ниво, слично на перформансите со кои Михаел Шумахер и Аиртон Сена станаа легенди на спортот.

Британецот стигна до својата 5та титула сезонава со 11 победи на 21 трка и покрај силен притисок од Ферари, но и Ред Бул кон крајот на сезоната. Оперативниот шеф на спортот, Рос Браун, признава дека изданието на Луис бил исклучително, пол позицијата во сингапур била запаметење.

понекогаш имате возач кој наоѓа перформанси кои никој не ги очекува, а луис неколку пати го направи тоа, особено на квалификациите. тој ги остави луѓето без здив, тие работи се паметот, едноставно не знаете од каде доаѓаат перформансите.

сите мислат дека ја знаат неговата сила и одеднаш тој прави нешто со што едноставно је крева границата погоре. јас имав среќа да видам нешто слично во ерата на михаел шумахер, а го видовме и со возачи како аиртон сена. со луис годинава неколку пати бевме сведоци на нешто такво.

тие работи се паметат затоа што и како инженер едноставно не можете да сфатите од каде доаѓа таа брзина и тие перформанси. нестварно ниво на кое тој вози и тоа е посебно за гледање – објани рос.

Петорица возачи стигнаа до победи сезонава, Себастијан Фетел беше најбрз во првиот дел од сезоната, а Макс Верстапен влезе во страшна форма во вториот дел од првенството. Браун е без зборови за изданието на Хамилтон, задоволен со шоуто на патеката, но носи порака на загриженост поради конкурентноста во тркачката серија.

имавме возбудлива сезона и одлична борба на патеката. неверојатни перформанси од луис кои ги покажа цела година, не грешеше, беше трпелив и тогаш кога немаше најбрз болид. годината беше одлична, но моја единствена грижа е дека првите 6 болиди доминираат, а останатите 14 се зад нив. мораме да работиме за да најдеме решение за да ги приближиме перформансите.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.