Браун: Фантастичниот старт ќе го охрабри Ферари

387

Рос Браун смета дека Скуердија Ферари имаат еден од најдобрите пакети оваа сезона со оглед на константноста и перформансите на СФ71Х во првите 4 трки од сезоната. Во Маранело недостига титула од 2008 година, но сезоната ја почнаа со две победи по ред, а во моментов се и во серија од три пол позиции по ред.

Спортот се подготвува за европскиот дел од сезоната, а факт е дека во моментов Ферари има најдобар технички пакет. Од жештината во Бахреин, преку ладното време во Кина и ветровите во Баку, нивниот болид е секаде конкурентен. Тоа се однесува како на квалификациите така и на трката, иако Ветел и Раиконен не освоија толку поени како што требаше да освојат.

Скудерија треба да се посвети на тој проблем, освојувањето на поени на трките. Од некакви причини, лоша среќа, индивидуални грешки и слично поените не се каде што треба за да побегнат од конкуренцијата. Не смее да дозволат повеќе да прокоцкваат можности кои им се укажуваат – потенцираше Браун кој беше технички шеф во Ферари од 1997 година до 2006 година.

Британецот потенцираше и дека најжестокиот конкурент на Ферари, Мерцедес, има сила за повторно да освои две титули, 5ти пат по ред, но не смее повеќе да грешат до крајот на сезоната.

Вистината а дека во Шангај и Баку судбината имаше одлучувачка улога, еднаш одлучи во нивна корист, а втор пак против нив. Ова е прв пат од почетокот на хибридната ера Мерцедес да нема техничка предност во однос на ривалите и во моментов веројатно е втора сила во серијата. Сепак, тимот на чие чело е Тото Волф е многу силен и способен повторно да освои две титули 5ти пат по ред. Но, немаат простор за никаква грешка – заврши Рос кој еден период ги предводеше и “сребрените“.


Браун: Фантастичниот старт ќе го охрабри Ферари

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>