Браун: Трки како Канада се лоши за спортот

199

Гранд При трката на Канада беше помалку разочарувачка, а спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, изјави дека такви трки се лоши за спортот во однос на забава.

Во интервју за Speedweek, Браун истакна дека сепак не е можно секоја трка да биде одлична.

Некои трки се возбудливи, некои се досадни. Истото ќе се случи и на Светското Првенство во фудбал. Нормално е некои трки да бидат подосадни од други.

Формула 1 мора да биде непредвидлива. Сакаме спектакл и непредвидливост, а тоа може да се случи само кога гридот ќе биде балансиран. Канада е добар пример како работите не треба да се одвиваат.

Врвните тројца беа оддалечени од другите и од Нико Хулкенберг, кој пак беше најдобар од останатите, а кој беше заостануваше цел круг.

Сме го виделе тоа повеќе пати годинава и тоа не е добро за спортот. Сакаме да се осигураме дека талентот и способностите се во главна улога, наместо финансиските можности на една екипа.

На тоа работиме во моментов – изјави Браун.


Браун: Трки како Канада се лоши за спортот

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>