Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, верува дека Стофел Вандорн ќе биде идеален за јуниорскиот тим на Ред Бул, италијански Торо Росо за следната година. Мекларен по Италијанското Гранд При, најпрво објави дека нема да смета на услугите на белгиецот догодина, а наместо него откри дека шанса во болидот ќе добие младиот Ландо Норис.

Зек смета дека Стоф е природен избор за Торо Росо кои следната година остануваат без Пјер Гасли кој ќе се премести во сениорскиот Ред Бул, а иднианта на Брендон Хартли е сеуште непозната поради неговите неубедливи резулати. Недостатокот на млади возачи во Академијата на Ред Бул с доволно поени на својата суперлиценца да смее да се тркаат во Формула 1, ги натера челниците на екипата да помисат на враќање на Даниил Квјат во болидот, возачот кој лани го набркаа од Фаенца.

Дефитивно знам дека тоја е Формула 1 калибар и ако јас бев во Торо Росо и имам две отворени места, бев размислување ќе го побарав Стофел. Тој е фантастичен тркач, но ние гледаме кон иднината сместувајќи го Ландо во болидот за следната година. Во поинаква оклина, Стофел може да има подобри перформанси со болид кој повеќе ќе му одговара.

Имаме доста слаб болид, многу слаб болид последните две гоини, а само некој како Фернандо со толку многу иксутво може да се адаптира на него. Стофел беше навистина блиску до Фернандо, многу поблиску од некои други негови поранешни тимски колеги.

Ако ги погледнете дебитантските трки на Вандорн, освен Бахреин во 2916 година коај беше импресивна, во 2017 година одеше на трките и губеше сесии поради болидот и мислам дека никогаш не успеа да влезе во ритам. Тоа комбинирано со фактот дека го имате Фернандо како тимски колега со целото негово искуство.

Зек беше запрашан дали ќе ургира во некоја друга Формула 1 екипа со цел Вандорн да остане на гридот.

Да, веќе го направив тоа. Доколку можам било што да направам да му погмогнам на Стофел, ќе го направм тоа веднаш. Сметаме дека тој е дел од семејството и беше фантастично да се работи со него.

Се надевам дека ќе остане во Формула 1, го заслужува тоа, но имаме и тркачки активности кои повторно ги оживуваме така што се надевам дека тој ќе остане во земејството на Мекларен. Доколку има слободно место кај нас, ние би се двоумел – заврши Браун.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.