Спортскиот шеф на Формула 1, Рос , смета дека воведување на трикови како на пример обратен стартен поредок од 2021 година би би избркале фановите од следење на тркачкатсасерија.

Неделава шефовите на спортот објавија дека воведуваа поен за најбрзиот круг на секоја трка, под услов оној кој го поставил истиот да има топ 10 пласман. Ова во комбинација со аеродинамичките промени се примери на промените кои треба да се случат и да донесат подобро тркање.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Поенот кој ќе се доделува за најбрзиот круг веќе наиде на критики, но Рос е убеден дека тимовите ќе постапуваат исправно и ќе го користат тоа правило.

некои може да се противат на промени ако увидат дека истите се направени за погрешни причини, а можеби и луѓето не се чувствуваат удобно од било каков вид на промена. лично мислам  дека некои работи како должината на трката и природата на трките треба да останат непроменети – смета рос браун.

Обратниот редослед на стартување е нешто што се случува во Формула 2, по што екои коментатори сакаат истото да се воведе и во врвот на моторспортот. Но, Рос смета дека тоа е само трик.

не мислам дека обратниот редослед на стартување е на формула 1 ниво. тоа работи кај другите серии, го знаеме тоа од соспственото искуство.

но, во формула 2 има различни барања одошто во формула 1, а ние дефинитивно не сакаме да правиме трикови туку сакаме да развиваме тркање и да разбереме што е тоа во што фановите уживаат. сакаме на фановите да им дадеме повеќе од тоа што ги возбудува.

не сакаме финти и трикови затоа што мислиме дека тоа ги оттргнува фановите од нас – смета браун.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.