Зак Браун изјави дека се помали се шансите за Џејмс Кеј да се придружи на Мекларен бидејќи Ред Бул бараат премногу за да го ослободат Кеј порано.

Во јули беше објавено дека Кеј ќе се приклучи на Мекларен, но тоа ги вознемири Ред БУл кои сакаат тој да остане дел од јуниорскиот тим Торо Росо.

Мекларен претходно изјавија дека би платиле за да ги добијат услугите на Кеј порано, но сепак со најновите случувања изледа дек Ред Бул бараат премногу.

Нема дијалог со нив. Тие само ги дадоа своите услови. Јас не сум заинтересиран да се согласам и да продолжам .Ние имаме договор со Џејмс, и тој ќе биде технички директор на Мекларен. Сеуште работиме на тоа кога ќе се приклучи. Тешко дека ќе биде следната сезона но немаме датум.

Зборуваме со повеќе луѓе да се приклучат на техничкиот оддел. Имаме некои нови вработувања интерно, но немаме објавено кои се. За надворешните луѓе ќе известуваме кога ќе се случат.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.