Зек верува дека падот во перформансите на последните неколку години е поради недостатокот од лидерството во тимот тој период.

Тригодишното партнерство со јапонска Хонда пропадна по очајно слабите перформанси за време на соработката. Зек Браун, кој е познат како маркетинг експерт, го превзема челното место во компанијата од долгогодишниот шеф и акционер, рон Денис, по што тимот од Вокинг се надева на преродба.

Мекларен го променија доставувачот на мотори и сезонава се снабдуваат од Рено, но перформансите повторно изостанаа.

тоа што не донесе овдека, проблемите оваа сезона се провлекуваат од минатите години. мој заклучок е дека проблемите се недостатокот на константно лидерство во компанијата.

не сакам да посочувам никого, но имаше недостаток на фокус од сите од врвниот менаџметн надоле во однос на инвестициите, спојувањето на компаниите, промените на менаџментот, промените на извршните директори и на крајот недостаток на внимание. ова создаде проблем тоа што се случи е луѓе кои немаа чиста цел и одговорност – изјави браун за шпански El Mundo Deportivo.

Сезонава тимот претрпе промени во сите структурни нивоа, но плодовите сеуште не се видливи. Сепак, Браун инсистира дека екипата влегува во следната година си цврсти темели.

имавме очјано слаб болид сезонава. нашата компанија има многу индивидуален талент, стоцо луѓе кои се со нас веќе 20-тина години, имаме добра структура, тоа што сакавме да го корегираме, го остваривме.

сега се наоѓаме на патот на враќање на формата, како што им реков на луѓето во мекларен, чувството е добро пред да дојдат резултатите. напредокот и развојот се одвива одлично, постои тимска работа, соработка и комуникација на одговорните страни. секаде каде што бевме слаби, се корегиравме.

но, додека новиот болид не дојде на патеката луѓето нема да може да ги видат подобрувањата кои ги направивме. мислам дека годинава беше дното и работиме напорно да се вратиме во форма, но ќе треба време – заврши браун.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.