Браун не очекува чуда во Мекларен

130

Мекларен продолжуваат со развојот на МЦЛ33 болидот за оваа сезона, но менаџментот на екипата не очекува чуда до крајот на сезоната. Во моментов вториот најтрофеен тим на гридот се наоѓа на второ место во конструкторскиот поредок, но без освоени поени на последните две трки и со вкупно 16 освоени поени од почетокот на Европскиот дел од сезоната.

Фернандо Алонсо ги освои сите поени за тимот оваа сезона, а Стофел Вандорн нема освоено поен од Големата награда на Азербејџан која се одржа во Април годинава и на последните 7 тркачки викенди не успева да извози подалеку од К3.

Во Вокинг во моментов се случуваат многу промени, првиот човек на тркачката екипа Ерик Булие замина, а следната година ќе имаат и нов тандем возачи во имињата на Карлос Саинз и Ландо Норис.

Мислам дека другите екипи се развиваа побрзо од нас. Ние некако како да назадувавме, но реалноста е дека сите во тркачката серија одат кон напред, а ние не.

Знаевме дека патеките како Спа и Монца ќе бидат наша слаба точка поради болидот и испадна дека не сме погрешиле. Не се откажуваме од развојот затоа што ги идентификувавме проблемите и сакаме да ги решиме за следната година.

Ќе продолжиме да го надоградуваме овој болид кој за жал е многу бавен тркачки болид кој слабо одговара на промените кои ги правиме. Очекуваме слични резултати до крајот на годината во зависност од патеката на која се тркаме и не очекувам чуда – најави Зек Браун,


Браун не очекува чуда во Мекларен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>