Браун не отфрла целосно електрична Ф1

150

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, смета дека е возможно Гранд При тркањето следните 10 години да стане со целосно електрични болиди како резултат на развојот на технологијата во таа насока. Хибридните мотори се дел од спортот од 2014 година, но никогаш сериозно не се гледало на целосно исклучување на моторот со внатрешно соготување.

Но, успехот на електричната Формула Е серија каде се вклучени многу големи играчи од автомобилската индустрија како Ауди, БМВ, Нисан, Мерцедес или Порше, може да донесе сериозно размислување во таа насока.

Мораме да го почитуваме тоа што Формула Е го прави и тоа што таа тркачка серија го постигнува. Но, ако ја споредите магнитудата на двете серии, тие не се споредливи, фановите во Формула 1 се многу повеќе од Формула Е која што е нова серија.

Мислам дека Формула 1 ќе се развива во таа насока за да се дојде до вистински баланс во спортот, релевантност во секојднетниот живот како и вклученост на фановите. За пет или десет години тоа мора да се случи без разлика какви мотори сакаме да има во Формула 1. Ништо нема да не спречи во иднина во Формула 1 да се тркаме со целосно електрични агрегати. Но, во моментов такви мотори не носат спктакл и ако се анализира Формула Е таа е јуниорска категорија иако настанот е одлично организиран е се е фантастично осмислено, но самата трка е неспоредлива со Формула 1.

Болидите во Формула Е не се многу брзи и нема таков калибар на луѓе како во Формула 1, но прават фантастична работа со организација на настанот кој наликува на голема улична забава.

Формула 1 е целосно поинаква, тоа е кремот на моторспортот, брзините кои се постигнуваат, калибарот на возачите, тимовите кои се тркаат и ако сето тоа напредува како што се очекува во следните 5-10 години, можно е електричната технологија многу да напредне и повторно да го имаме истиот успех. Не сметам дека Формула 1 вечно ќе остане со моторите со внатрешно согорување.

Пред десет години мислам дека ретко кој предвидуваше дека спортот ќе изгледа вака, така што не знаеме како ќе биде следните десет, но мораме да се осигураме оваа тркачка серија да се движи во правилна насока – смета Рос Браун.


Браун не отфрла целосно електрична Ф1

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>