Браун: Не му обезбедивме алат за работа на Стофел

246

Кратко пред да се објави дека Ландо Норис ќе биде партнер со Карлос Саинз наредната година, медиумите беа информирани дека Стофел Вандорн нема да продолжи со Мекларен наредната година.

Според изјавата можно е Вандорн да има алтернативи на Ф1 гридот. Тој има доста послаби резултати од Алонсо и е единствен што не бил подобар од неговиот колега во сабота.

Неизмерно сме му благодарни на Стофел и неговото време поминато во Мекларен. Тој е одличен талент уште од времето во јуниори. Горди сме на неговиот напредок и првите поени во Бахреин. Јасно е дека не му овозможивме на Стофел алат за работа, иако тој е одличен тимски играч. Неговата работна етика е импресивна и има добра репутација во тимот каде навистина уживавме да работиме заедно. Секако сакавме да успееме и тој да биде дел од успешната листа на Мекларен возачи. Засега очекуваме нашите возачи да ја завршат сезоната со што е можно повеќе поени. Му посакувам среќа на Стофел во кариерата и ќе го подржуваме до крај.

 

 


Booking.com

Браун: Не му обезбедивме алат за работа на Стофел

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>