Спортскиот шеф на Формула 1, Рос Браун, изјави дека е неприфатливо екипите од средина на поредокот да имаат освоено само два подиуми од почетокот на минатата сезона.

Серхио Перез беше 3ти за Форс Индија во Азербајцан сезонава, а лани исто така до 3то место на истата трка дојде Ленс Строл со својот Вилијамс. Разликата помеѓу трето-пласираниот Ред Бул и четврто-пласираниот Рено изнесува 297 поени на крајот од оваа година.

Рос Браун неодамна изјави дека еден од приоритетите за него се намалување на разликата помеѓу врвните три екипи и остатокот од гридот кој практично се тркаат во првенство сами за себе.

како што беше случајот и лани, и оваа година само еднаш и тоа на невообичаената градска патека во Баку, некој друг тим надвор од топ 3 екипите стигна до подиум. од почетокот на 2017 година само два пати некоја екипа од средина на поредокот се има искачено на подиум од вкупно 123 подиуми во текот на двете години.

тоа е проблем кој го анализираме заедно со фиа и екипите затоа што иднината на формула 1 во многу зависи од тоа. постојат различни решенија и мораме да прифатиме дека не можеме да издржиме вака уште долго – смета рос.

Во 2014 година на почетокто на В6 турбо хибридната ера, до подиум дојдоа 6 екипи, а исто беше и во 2015 година, додека во 2016 сезона имаше една екипа помалку.

борбите секако дека беа возбудливи, но тешко дека фановите може многу да се возбудат со борба за 8мо место, колку и таа да е добра.

честитки за рено што завршија на 4то место и го потврдија напредокот кој го прават, честитки и до хаас кои завршија на 5то место во својата треа година во спортот што е одлично.

Браун го пофали и напредокот на Заубер сезонава откако швајцарците имаа две тешки години во спортот иако на крајот не успејаа да сттигнат до 7то место на Форс Индија.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.