Рос Браун не негираше дека е можно ДРС системот за намалување на драг силата да остане и по 2021 година, во новиот пакет правила, иако претходно често изјавуваше дека вештачката направа за подобрување на претекнувањето не му се допаѓа. Група инженери на чело со Пет Симондс во моментв работат на нови правила кои би стаиле на сила по 2021 година со цел зголемување на бројот на претекнувања и подобрување на атрактивноста на тркачката серија.

Во Сингапур протекоа слики од изгледот на концепт болидите за во иднина, а Рос најави дека истражувањата покажале дека болидите ќе може многу поблиску да се следат еден со друг, но тоа не значи изоставување на ДРС.

Тоа може да биде наш скриен адут, да го чуваме во џебот. Сакам да мислам дека ќе стигнеме до ниво кога нема да ни треба ДРС, но тоа е многу тешко да се добие и да се процени во моментов. Сеуште со сигурност не може да кажеме како ќе се борат болидите во иднин.

Секако дека кулминација е претекнувањето, но клучно е и да се има одлични битки. Сега имаме болиди кои тешко се следат еден со друг поради тоа што големата близина им ги деградира гумите и губат перформанси.

Може да итате трка која ја победува тој што стартува од пол позиција, но тоа не значи дека на трката нема да има одлични битки. Ние се трудиме да направиме разлика помешу претекнување и тркање.

Често се смета дека претекнувањето е кулминација во тркањето, во Монца имавме статистика дека половина од претекнувањата беа со ДРС, а половина без. Ова кажува дека имаше многу акција во Монца, но тоа е посебна патека, а ние мора да имаме повеќе такви каде болидите ќе може да се борат – најави Браун.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.