Браун: Наивно е да се очекуваат дуели и претекнувања во Монако

123

Со уникатноста, гламурот и атмосферата која владее, Рос Браун смета дека Големата награда на Монако не смее да се цени по исти критеритуми како и останатите патеки. Неделната трка беше критикувана од возачите и фановите како исклучително досадна.

Чув и прочитав некои коментари до возачите и Формула 1 познавачите во врска со тоа дека трката била здодевна и навистина немаше многу возбудувања и гумите беа клучен фактор на трката. Сепак, наивно е да се очекуваат дуели и претекнувања на патека каква што е во Монако. Тоа е посебна трка и не треба да се суди и цени согласно истите критериуми како останатите. Атмосферата во падокот и во градот, гламурот кој во опкружува го прават настанот посебен на многу начини – смета Рос Браун.

Сепак, британецот потврди дека Либерти Медиа ги слуша возачите и фановите и сигурно дека ќе се обратат до организаторите за повозбудливи трки во иднина.

Една од целите која си ја поставивме пред нас при превземањето е да работиме заедно со промотерите за да се обезбеди повеќе претекнување на патеките од она што го гледаме моментлано. Јасно е дека мислењето на возачите е добредојдено и секогаш ќе го слушаме, но во Монако е планирано проширување на градот кон морето, да се направи копно во водата, така што тоа не е до нас.


Браун: Наивно е да се очекуваат дуели и претекнувања во Монако

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>