Спортскиот директор на Формула 1, Рос , изјави дека Макс покажал дека не е способен да ги контролира своите емоции, откако имаше конфликт со Естебан во Бразил.

Како казна за инцидентот по трката, возачот на Ред Бул доби два дена јавна работа со ФИА, а Браун смета дека таквото однесување на Макс не може да биде оправдано.

макс го испушти својот гнев во парк ферме каде имаше физички контакт со окон, а таквиот негов однос не може никако да биде оправдан. инцидентот со окон беше суров, но со она што се случи потоа, макс покажа дека направил голем напредок во кариерата, но сеуште треба да научи да ги контролира емоциите во таква ситуација.

но, не смееме да заборавиме дека е многу млад и иако не можеме да го оправдаме тоа што се случи, фрустрацијата е разбирлива по таков судар додека водеше и сигурно ќе победеше на трката имајќи феноментални перформанси. не можете секогаш да минете две ферарија и два мерцедеси на патеката, а минатите 10 години кој не победил на интерлагос откако не стартувал од првите два реда.

сигурен сум дека макс ќе научи од ова што се случи, како што учи и секогаш од она што се случува. казната која ја доби ќе му помогне да се развие како возач, но пред се како човек – објасни рос браун.

Рос понуди свое мислење и за Естебан Окон, односно моментот кога французинот се обиде да влезе во исти круг со водечките од трката, борејќи се со лидерот Верстапен.

французинот имаше право да го мине водечкиот и да влезе во исти круг со него затоа што во тој момент беше побрз, но мора да кажеме дека тоа не се прави преку борба со првопласираниот на трката. заслужи 10 секунди казна во место која му беше дадена.

не мислам дека окон размислуваше да влезе во поени, сметам дека беше понесен од моментот и не размисли доволно. жестока борба со лидерот на трката не е најдобра идеја кога заостанувате еден круг дури и кога сте побрз од него, а имате искуство со него од пониските категории.

возачите не смее да заборават дека се пример за фановите и младите луѓе кои сакаат да ги следат.

се на се, недела беше убава лекција за верстапен и окон за да не заборават дека тоа е само дел од нивниот процес на учење – заврши рос.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.