Извршниот директор на Формула 1, Рос Браун, го поддржа шефот на Ферари, Матиа Биното, во неговиот напор да ја промени среќата во тимот, додавајќи дека италијанецот “знае што прави“.

Ферари беа обележани како фаворити на почетокот во предсезонските тестови, но сеуште не стигнале до победа годинава во првите 5 трки, додека Мерцедес освоија 5 последователни 1-2 финиши.

Скудерија се појави со голем број на подобрувања во Барселона, како и нов мотор, но Мерцедес повторно им нанесе уште еден голем удар на патека каде италијанците изгледаа многу силно во тестовите.

Подобрувањата кај Мерцедес изгледаат како значителен чекор напред, но изгледа дека тоа не важи и за Ферари.

Слушајќи ги коментарите на возачите и нивните тимски шеф матиа Биното, подобрувањата ги покажале очекуваните резултати, но не со ист ефект како тој на нивните ривали.

Во толку конкурентен спорт не е едноставно да се напредува, мора да го правите тоа со темпо кое е подобро од ривалите. Целите кон движечка цел, таа е повисока секој ден и бара уште поголем напор. Можам да ја разберам фрустрацијата во Маранело.

Тие работат напорно, носат подобрувања порано од планираното, но сепак се појавуваат на патеката и гледаат дека не ја намалиле разликата. Таа всушност е зголемена.

Нема да му дадам совет на матиа. Тој знае што прави и ја искусил оваа ситуација во текот на својата кариера во Формула 1. Започна нов циклус во Ферари и од ваква ситуација се учи и подобрува најмногу, бидејќи ладен туш на поразот понекогаш го дава најбрзиот одговор на топлата зона на комфорт.

Иако Мерцедес веќе има скоро 100 поени предност пред Ферари по доминацијата на почетокот, Браун верува дека првенството сеуште не е завршено.

Станува тешко да се објасни успехот на Мерцедес во почетниот дел од сезоната.

Пет победи, пет 1-2 финиши, прилично совршено. Освен нивните поени, тоа што беше импресивно е нивната техничка супериорност на патека, која е главна цел за тестови во зимскиот период, а кога се пристигнува на трката се гледаат подобрувањата кои ги направиле тимовите. Мерцедес во оваа последна област покажаа колку се силни.

Сеуште има многу трки до крајот, но вистина е дека Мерцедес поставија силен маркер во двете првенства.