Зек Браун, првиот човек на Мекларен, изјави дека начинот на кој се постапува со Фернандо Алонсо покажува дека тимот се грижи за своите возачи. Првиот престој на Нандо во вокинг беше во 2007 година, а американецот смета дека овој пат Алонсо е многу посреќна личност поради односот кој го има со тимот. Поради неконкурентниот болид кој го имаат во Вокинг, тие му дозволија на шпаецот сезонава паралелно со Формула 1 трките да учествува и во ВЕЦ првенството.

Алонсо е одличен пример за тоа како работи Мекларен денеска. Сите знаеме дека тој беше во тимот и пред 10 години и таа врска беше лоша, но сега имаме очајни три години и знам дека ќе кажете оти тој повеќе не се смее, но ние му даваме слобода да пави што сака и тој ужива во таква околина и ни дава максимум – појасни Браун.

Зек беше запрашан и како пристигнувањето на Ландо Норис ќе влијае на екипата, а американецоти откри дека е импресиониран со менталната сила на 18-годишникот.

Јас сметам дека секој возач е посебен, некој сметаат дека не сте фер со нив, други сакаат да ги прегрнете и негивуате, така што за секој возач треба да создадете посебно опкружување во кое ќе работат најдобро. Дајте им го тоа што го сакаат, тоа го направивме со Фернандо, а тоа ќе го направиме и со Ландо.

Тој е многу зрел за своите години, релаксиран е, не може да го видите нервозен и нетрпелив. Начинот на кој ги одработе петочните сесии за нас не беа поразлични од тоа што сум го гледал од него во Формула 3. мислам дека е одличен Формула 1 материјал.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.