Формула 1 коментаторот на Скај Спортс, Мартин Брандл, ги повика Скудерија Ферари да се фокусираат на вистинскиот непријател наредната сезона и да им дадат на Мерцедес вистински предизвик.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ферари одлично стартуваше оваа сезона, но нивните перформанси опаднаа кон крајот на сезоната и Хамилтон стана шампион на две трки до крајот. Наредната година Леклер го заменува Раиконен, а според Брандл, италијанскиот џин ќе мора да се фокусира на нивниот ривал..

Леклер ќе го подмлади тимот и ќе гонесе нова енергија. Тие треба да се соберат и да работат напорно. Треба да му помогнат на Фетел да се чувствува удобно и да не чувствува притисок. Имаше доста политика откако почина Маркионе и тие треба да се смират и да се фокусираат на Мерцедес – објаснува Брандл.

Познавачот на Формула 1 приликите ја поздрави титулата на Хамилтон и се надева дека наредната година ќе има повеќе конкуренти за титулата и ќе има поголем предизвик.

Тој ја заслужи титулата. Мисмал дека извозе најдобро што може, но сепак на моменти импровизираа. Тој го победи Ботас и Фетел кој има доста брз болид и доста поени оваа година. Се надевам дека Ферари, Ред Бул Хонда и можеби Рено ќе се вмешаат во борбата.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.