Поранешниот Формула 1 возач, а сегашен стручен коментатор на Sky, Мартин , верува дека работите под раководство на Маурицио Аривабене во не биле добри и поради тоа тој бил отстранет од челното место во трофејната екипа.

Фетел и Ферари се бореа за ланската титула, но повторно беа поразени од Хамилеонт и Мерцедес по низа на грешки во своите редови. На почетокот на оваа недела, италијанците се решија раководењето со екипата да му го доверат на Матиа , досегашниот технички шеф.

темелно го следев ферари и работите таму едноставно не беа како што треба. погледнете го хокенхајм каде фетел беше под притисок затоа што не беше напавена вистинската работа на почетокот од трката. тој излета и од тој момент титулата им се лизна од раце.

погледнете ги и другите работи како слипстримот во монца каде фетел не беше повлечен од кими раиконен затоа што ферари се држеа до претходниот договор и сакаа да дадат еднаква шанса на возачите. одредени работи таму не беа направени како што треба – појасни брандл.

Маурицио беше критикуван и поради својот однос кон медиумите кон крајот на сезоната, особено по ненадејната смрт на Претседатеот Серџо Маркионе, кој секогаш сакаше да зборува во име на тимот. Мартин Брандл смета дека Матиа Биното ќе треба брзо да се адаптира на раководењето на Претседателот Џон Елкан и Главниот извршен директор Луи Камилиери.

мислам дека матиа биното има одлична репотација за развој на екипа технички и јасно дека е лидер. но, овој пат треба да биде на чело, треба да превземе одговорност и да зборува со луѓе како мене. треба да излегува и да каже зошто работите не биле добри или зошто победиле. тоа е различна работа од она што го работел до сега и секако предизвикот е друг – смета брандл.

На местото на искустниот поранешен првак Кими Раиконен во тимот е донесен младиот, надежен и брз Шарл Леклер кој имаше одлична сезона со Заубер. Многумина сметаат дека ќе почне веднаш да победува со Скудерија и ќе го тави Себастијан Фетел под голем притисок. Доколку двајцата возачи се во конкуренцијаза титула, Брандл смета дека Биното ќе ја олесни работата.

од луѓе како рос браун и некои други кои работеле со него знам дека е многу високо ценет. мислам дека ќе го доведе моторот и шасијата до ниво каде треба да бидат и нема да им биде тешко доколку фетел и леклер си ја работат својата работа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.