Мартин Брандл е изненаден од трансферот на Кими Раиконен во Заубер и смета дека истиот им штети на младите возачи кои сакаат да влезат во Формула 1. По долгите шпеклации, Ферари најпрво потврди дека не смета на финецот за следната година, потоа Кими објави дека следните две сезони ќе ги мине во Заубер и на крајот од Маранело излегоа со соопштение дека Шарл Леклер ќе биде партнер на Ветел догодина.

Во Формула 1 се случуваат промени. Трансферот на Леклер има смисла, тоа ќе го мотивира Ветел, ќе внесе енергјиа во тимот. Тој има само 20 години и Ферари може да го подготват за се што носи иднината.

Раиконен е одличен и популарен возач, но на некој начин сакав да се повлече и да отстапи место затоа што има многу добри млади момци без возачко место за следната година во моментов. Естебан Окон е добар пример за тоа, а тука е и Стофел Вандорн и Џорџз Расел кој води во Формула 1 поредокот сезонава.

Јасно е дека Раиконен е на крајот на кариерата и трансфер во Заубер ќе го дочека на 41 година што е изненадување. Но, му се восхитувам што сака да продолжи со тркањето и се надевам дека не оди предалеку – бо објасни своето видување Мартин Брандл во својата анализа за Sky Sports.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.