Јос верува дека Луис својата овогодишна титула ја должи на фактот што имал најдобар болид на гридот, но со тоа не се согласува Мартин .

Со својот наслов годинава, Луис стигна до бројот на титули кои ги има освоено големиот Хуан Мануел Фанџо победувајќи повеќе од половина од трките годинава, односно 11 победи и одолевајќи на жесток напад од Себастијан Фетел.

Јос смета дека Хамилтон ова го должи на супериорноста на неговиот болид поради што многу често тргнуваше од пол позиција и менаџираше до крајот.

гледајте го хамилтон, тргнува од пол позиција и победува на трка, не превзема ризик за тоа. лесно е да се каже дека е најдобар возач, но јас сметам дека има најдобар болид – изјави верстапен постариот.

Стручниот коментатор на Формула 1, Мартин Брандл, смета дека мислењето на Јос е погрешно и има свои аргументи кои го поддржуваат тоа.

луис беше неверојатен годинава и се чини дека станува се подобар. тој е одличен микс на искуство, брзина, фитнес, храброст, технички знаење, трепливост и политика. тој е вистински човек за титула.

луѓето велат дека има најдобар болид, но истиот болид го имаа и нико розберг и валтери ботас и тој ги победуваше – изјави брандл за Sky.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.