Себастијан Фетел го сруши рекордот на Автодромот Хозе Карлос Паце во Сао Паоло и постави најбрзо време по 60те минути возење во пресрет на квалификаиите за големата награда на Бразил.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Најблискиот конкурент на Фетел, Луис Хамилтон, заостана 2 десетинки зад времето на Ферари, додека вториот Мерцедес, возен од Валтери Ботас, заостана точно 3 десетинки зад Хамилтон. Зад Валтери беше неговиот сонародник, Кими Раиконен кој заостана 25 илјадитинки зад него.

Следуваа двата болиди на Ред Бул, Верстапен беше побрз од Рикардо, но заостанаа околу 8 десетинки зад времето на Себ. Најбрзи од останатите беа возачите на Хаас, а Магнусен за прв пат имаше подобро време од Гросжан. Во 10те најбрзи се најдоа и Пјер Гасли со своето Торо Росо Хонда како и Шарл Леклер со својот Алфа Ромео Заубер.

Маркус Ериксон комплетираше најмногу кругови, дури 23, еден повеќе од Валтери Ботас. Возачите на Ред Бул возеа најмалку, имаа по 12 обиколки.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.