Валтери Ботас беше најбрз на една тренинг сесија, а тоа се немаше случено од Големата награда на Италија во 2017 година.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Времето на финскиот возач беше само 3 илјадити делови од секундата побрзо од тоа што го извозе неговиот колега, Луис Хамилтон. Трето време со само 7 стотинки зад Луис беше Себастијан Фетел со своето Ферари.

Трето и четврто време имаа двата болиди на Ред Бул, Даниел Рикардо заостана 3 десетинки, додека Макс Верстапен заостана половина секунда. Седум стотинки зад холанѓанецот беше второто Ферари, возено од Кими Раиконен.

Роман Гросжан беше повторно најбрз од останатите и последен во иста секунда со водечкиот, а зад него беше Шарл Леклер со својто Заубер. Следуваше Кевин Магнусен кој беше 9ти пред двата болиди на Форс Индија.

Нико Хулкенберг заврши во ограда крај патеката, успевајќи да комплетира само 6 кругови, а сите останати беа помалку од две секунди зад водечкото време. Валтери Ботас и Карлос Саинз беа најактивни со по 48 кругови.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.