Макс Верстапен продолжи онаму каде што застана во Мексико, на врвот од поредокот по постигнатото време. Младиот холанѓанец комплетираше круг по Интерлагос за 1.09.011 што беше за 5 стотинки побрзо време од она на Себастијан Фетел од Ферари, кој пак беше за исто толку побрз од неговиот овогодишен конкурен за титула, Луис Хамилтон.

Четврто време со речиси 4 десетинки заостаток постави Даниел Рикардо, а финците Кими Раиконен и Валтери Ботас беа зад него со повеќе од пет односно шест десетинки од времето на Верстапен.

Најбрзи од останатите беа болидите на Хаас, Гросжан беше побрз од Магнусен за 3 десетинки, а во топ 10 влегоа уште и Шарл Леклер и Естебан Окон.

Антонио Џовинаци го менуваше Маркус Ериксон и беше за 3 десетинки побавен од Леклер, Ландо Норис го возеше болидот на Фернандо Алонсо и имаше половина секунда побрзо време од Стофел Вандорн, додека Николас Латифи кој го возеше болидот на Чеко Перез беше најбавен.

Во однос на бројот на круговите, возачите на Рено и возачите на Форс Индија имаа по дури 34 обиколки, додека Кевин Магнусен имаше само 15 кругови, Верстапен еден повеќе.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.