Организаторите и промотерите на Големата награда на Бразил се надеваат дека ќе добијат нов договор од Формула 1 да организираат трка во врвот на моторспортот и во иднина, иако нивниот договор е валиден и следните две години.

Договорот за организација кој е валиден во моментов вклучува и трки во 2019 година и 2020 година, но легендарната патека, која патем е омилена на многу возачи, сака да остане повеќе во календарот. Градоначалникот на Сао Паоло, Бруно Кова, се надева дека трка во Бразил ќе има и по 2020 година откако патеката наместо јавна, ќе стане приватна.

за сите во сао паоло е важно трката да остане овдеа затоа што се работи за важен дел од сао паоло – појасни ковас.

Во минатото патеката и окружението често пати беа критикувани поради безбедноста, откако Формула 1 персонал често беше мета на разбојници. Годинава обезбедувањето беше засилено и немаше никакви проблеми што може да е само позитивен знак за Либерти Медиа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.