Дејвид откри дека неколку страни биле заинтересирани да го користат неговото презиме во Формула 1 повторно, а последниот неуспешен обид за тоа бил годинава.

Брабам се двократни конструкторски Формула 1 прваци, а последен пат тимот бил на гридот во 1992 година. Дејвид е син на основачот Џек Брабам кој долго време се бори да ги задржи правата над своето фамилијарно презиме, а цел е да влезе со сопствен тим на 24 часа Ле Ман во ГТЕ Про категоријата во 2022 година.

од гледна точка на брендот, ако кажам колку луѓе ме контактирале сакајќи да го именуваат својот тим Брабам, листат е многу долга. но, никој не успеа да ги купи тие права иако на почетокот сите се мнгоу возбудени за мжноста. доаѓате до момент кога ги имате научено лекциите и никој не може да докаже дека сака да плати за да го користи името – откри дејвид брабам.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Екипата ја основал неговиот татко на почетокот на 1960-тите години заедно со Рон Тауранак, а во 1966 година станаа Брабам стана првак, а по него и Дени Хулм и Нелсон Пике. Сепак, последната од 35те победи на број дојде во 1985 година, а во 1990 година и Дејвид Брабам имаше Формула 1 сезона која беше крајно неусшпешна.

Во 2010 година, Франц Хилмер, основачот на Формтек направи обид да го заживее тимот, но тој обид пропадна, по што во 2013 година Дејвид ги осигура користењата над семејното име. Медиумите шпекулират дека постоеле сериозни опции за оваа сезона, но преговорите пропаднале. Единствени кои немаат загарантирано име за 2019 година се Форс Индија откако сезонава се пријавија под името Рејсинг Поинт, така што логиката посочува кај нив.

Во минатото постоеја неколку обиди да се вратат историски важни имиња повторно во спортот. Во 2010 година Лотус повторно се појави преку Катерхам пред да бидат продадени на Рено.

Брабам изјави дека не се чувствува удобно да се користи неговото презиме во проект во кој семејството нема да биде вклучено на вистински начин.

јас бев во формула 1 со брабам и видов како влијае тоа име поради недостатокот на успех и потешкотиите во кои беше тимот.

ги видовме лотус и тоа не е начин да се враќа едно славно име во спортот. мора да го разберете брендот и неговата днк. мислам дека во лотус постоеше огромна збунетост околу брендот, но јас тоа нема да го дозволам.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.