Валтери нема оправдувања за губењето на пол позицијата и признава дека Ферари биле доста побрзи од Мерцедес на квалификациите.

Финецот во последните моменти изби на првото место пред Ферари да го завршат својот летечки круг каде Себастијан Ветел ја освои пол позицијата со предност од две десетинки.

Како резултат на тоа ботас мораше да се задоволи со втората позиција.

Беше тешка борба за пол позицијата и на крајот Ферари беа побрзи, а посебно Себастијан. Ако пак го извозам мојот последен круг можеби ќе добијам 0,1 секунда но тие беа пребрзи. Имав добар круг посебно во последниот сектор. Нешто промашив во првото излегување, но сепак беше добар круг. Ова е важна трка за нас како тим, домашна за Мерцедес и Даимлер. Но тука стартуваме и ќе пробам да направам се што можам. Ќе биде долга трка и се надевам Луис ќе се врати на првите позиции. Многу работи се случуваат и мислам дека ќе имаме добар резултат.


2 КОМЕНТАРИ

  1. Фала богу некој од мерцедес да признае дека ферари се побрзи не како хамилтон јаснсум најбрз али јебига не победив хахахахах

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.